Никол Кидман на насловна на британскиот Ел

10 декември 2014

Австралиската актерка Никол Кидман е главна ѕвезда на јануарскиот број на британскиот магазин Ел. Фотографиите се дело на Паула Кудацки, а актерката едностасвно изледа совршено во минималистички црно-бели парчиња  од колекциите на Келвин Клајн, Диор и брендот The Row. Во интервјуто, Кидман открива детали околу двегодишното снимање на филмот„ Очи широко затворени“, во режија на Стенли Кјубрик. Во филмот Никол глуми заедно со нејзиниот поранешен сопруг, Том Круз, а од снимањето на филмот започнаа гласините дека нивниот брак започнува да се распаѓа, но Никол ги демантираше тие гласини.

„Луѓето мислеа дека беше крај на нашиот брак, но напротив овој филм имаше голема улога во нашиот заеднички живот и ми е мило што со Том бевме заедно во овој филмски проект“, вели Кидман.

Објавено:
10 декември 2014
Категорија: 
Сцена