Нина Бадриќ со сиот свој шарм на етно црвениот килим на „Сараевскиот филмски фестивал“

23 август 2019

Прекрасната хрватска пејачка Нина Бадриќ, деновиве престојува во Сараево, по повод актуелниот „Сараевски филмски фестивал".

На веќе култниот етно црвен килим, таа со сиот свој шарм го привлече вниманието на јавноста.

За ова појавување, Нина одбра креација на ASOS, мини кимоно-фустан во портокалова нијанса, што ќе се сложите одлично ѝ прилега.

Изгледот е надополнет со елегантна фризура, суптилна шминка и сандали на висока потпетица.

 Фото: Инстаграм

Објавено:
23 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
514 пати
Тагови: 
Нина Бадриќ