Нова модна станица на Топшоп во Њујорк

6 ноември 2014

Вчера вечерта во Централната железничка станица во Њујорк се одржа гламурозна ѕвездена прослава, по повод отворањето на нов продажен салон на Топшоп, на познатата Петта Авенија. Меѓу присутните гости беа Сестрите Хилтон, Попи Делевињ, Наоми Кемпбел, Кара Делевињ и Бијонсе, која наскоро ќе лансира линија облека во соработка со брендот. Исто така, пејачката за оваа пригода носеше црн краток фустан обложен со светки, во вредност од 130 долари, со што докажа дека за стилски, впечатлив изглед не е потребно да се поседуваат исклучително скапи парчиња. Во продолжение, погледнете дел од атмосферата од забавата на Топшоп.

Објавено:
6 ноември 2014
Категорија: 
Сцена