Новак Ѓоковиќ стана татко по втор пат!

4 септември 2017

По веста дека Серена Вилијамс роди девојче, доаѓа уште една убава вест од тениските кругови. Српските и странските медиуми вчера ја пренесоа веста дека Новак Ѓоковиќ стана татко по втор пат.

фото извор: telegraph.co.uk

Некогашниот број еден и неговата сопруга Јелена добија ќерка, на која ѝ го дадоа името Тара. Инаку, двојката има и син Стефан, кој наскоро ќе наполни три години.

По соопштувањето на среќната вест, голем број обожаватели, колеги и соработници ги упатија своите честитки. Меѓу првите беше и поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер.

Српските медиуми се трудат постојано да ја информираат јавноста за секој чекор на семејството, особено по раѓањето на малата Тара. Работата отиде до таму, што дури ангажираа и астролог кој изјави дека малата Ѓоковиќ има одлична натална карта и дека позитивно ќе влијае врз кариерата на татко си.

фото извор: tennisworldusa.org

фото извор: thesun.co.uk

Инаку, неодамна Џоковиќ го најави своето повлекување од теренот до крајот на годината, поради повреда, дефинирајќи го тоа како „божји знак кога треба да каже доста“. Изминатиов период тенисерот беше на удар на медиумите, а во јавноста се појавија гласини за проблеми во приватниот живот.

 

Објавено:
4 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
581 пати