Новата статуа на Меланија Трамп предизвика лавина негативни коментари

8 јули 2019

Нова статуа од Меланија Трамп се појави во нејзиното родно место во Словенија, а истата за кратко време предизвика бројни реакции.

Статуата е дело на уметникот Бред Дауни од Кентаки кој долги години живее и работи во Берлин, а истата ќе биде дел и од документарецот и изложба што тој ги спрема наскоро.

На статуата таа е прикажана онака како што изгледаше на Денот на инаугурацијата, облечена во комбинација од Ралф Лорен, мавтајќи ѝ на публиката.

Веднаш откако истата беше прикажана во јавноста, почнаа да пристигнуваат негативни коментари со оглед на тоа како Меланија е прикажана.

Многумина од нејзиното родно место ја опишуваат статуата како неверојатен срам и велат дека истата многу повеќе наликува на Штрумфета отколку на првата дама.

Уметникот објаснува дека статуата е направена како дел од неговиот проект со кој сака да ги прикаже корените од каде потекнува Меланија, метафорично и буквално.

Инфо и фото: Tportal.hr, Profimedia

Објавено:
8 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
835 пати