Нови ангели во рајот на Викторија Сикрет

21 март 2014

Во модниот рај на познатиот бренд Викторија Сикрет, се подготвува простор за нови ангели. Листата на најатрактивни жени на светот, ќе се збогати со уште неколку нови лица:

Сара Сампајо пред две години потпиша договор со Викторија Сикрет. Иако има 23 години, таа се смета за наследничка на Адријана Лима и Алесандра Амбросио. До сега се има појавено на насловните страни на магазините GQ, Vogue, Elle, Glamour и е заштитно лице на Калцедонија.

Линзи Елингстон е заносната русокоса  која е заштитно лице на мартовската онлајн колекција на долна облека.

Марлос Хорст е данскиот модел кој ја има честа овој месец да го промовира модниот бренд во знакот на женственоста и умерената доза сексапил, типично за неа.

Џесика Кларк според челните лица на Викторија Сикрет е несекојдневна убавина која освојува со својата убави на прв поглед. Тие не згрешиле во проценката и токму поради тоа, Кларк е дел од новите ангели на брендот.

Магдалена Фраковјак од Полска го има најголемиот предизвик од останатите модели  бидејќи треба да сними неколку летни кампањи за промоција на костими за капење. Дали ви се допаѓаат новите ангели на Викторија Сикрет?

Објавено:
21 март 2014
Категорија: 
Сцена