Новинарката и стилистка која умешно ја спојува елеганцијата со уличниот стил

24 април 2019

Нејзиниот беспрекорен имиџ е резултат на нејзиното суштинско познавање на модата, нејзините сестрани интереси и храбриот пристап кон акцентирање на индивидуалноста.

Ана Роса Витиело е новинарка, стилистка и модна консултантка која плени со својот едноставен, ама исклучително маркантен имиџ што го дефинира умешниот спој на елеганцијата со уличниот стил.

Во основа, таа им е „верна" на минималистичките кроеви и чистата естетика, надоградена со луксузни модни додатоци или парчиња накит.

Ќе забележите дека еден моден додаток што често го вклопува во својот изглед, е широкиот ремен со кој ја нагласува половината и дава дополнителен женствен печат на нејзините аутфити.

Мотивирајте се...

 

Објавено:
24 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.318 пати