Новиот стан на Орландо Блум во Њујорк

27 јуни 2014

На адресата Франклин Рузвелт број 155 се наоѓа новиот дом на Орландо Блум, кој за простор од 230 квадратни метри плати сума од 4, 8 милиони долари. Како најголемиот број ентериери во Њујорк и овој стан има ѕидови од цигла кои во комбинација со дрвените греди и железните столбови придонесуваат да се добие впечатлив индустриски  изглед.

Во станот доминира големата дневна која е поврзана со кујната, главната спална е опремена со „walk in“ орман и големо веце, а другите две спални соби се одвоени со заедничко веце и простор за разубавување, опремено со големи огледала.

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Сцена