Обама го откри полот на близнаците Картер?!

19 јуни 2017

И додека ние вчера се радувавме што македонската машка ракометна репрезентација ќе оди на светско првентство, во шоу-биз светот главна вест беше раѓањето на близнаците на Бијонсе и Џеј Зи.

Да, тоа конечно се случи, а убавата вест прв ја сподели таткото на пејачката, Метју Ноулс на својот Твитер и Инстаграм профил.

фото: Твитер

„Среќен роденден на близнаците! Ве сака, дедо“, напиша тој.

Други детали околу породувањето, како и полот на близнаците и нивните имиња сè уште не се познати. Оние што се по астрологијата веднаш забележаа дека близнаците се Близнаци во хороскоп, што предизвика интересни и смешни реакции.

Сепак, уште повеќе внимание привлече и видео-пораката на Барак Обама по повод Денот на татковците, во кое во еден дел вели: „Знам дека како и јас и мојот пријател Џеј Зи е луд по своите ќерки, иако морам да признам дека тој ме победи со близнаците“.

фото извор: Bild.de

Бидејќи познатата двојка до сега има само една ќерка, Блу Ајви која ја добија во 2012 година, оваа изјава беше и повеќе од доволна за да почнат шпекулациите дека или се работи за две девојчиња, или пак сигурно едното од близнаците е женско.

Првите фотографии по раѓањето на Блу Ајви; Фото: Blue Ivy Tumblr;

Првите фотографии по раѓањето на Блу Ајви; Фото извор: US Magazine

Онлајн магазинот „E!News“ објави дека во болницата во Лос Анџелес во која се породила познатата пејачка била забележана жена која носела два балони – едниот за девојче, а другиот за момче и картичка со иницијали „B&J“.

Иако веста беше соопштена вчера, а сајтот „Шоубиз 411“ ја објави прв, според светските медиуми,  близнаците се родиле во понеделникот вечер или вторникот изутрина.

Фото: Инстаграм

Семејството на Бијонсе и нејзините обожаватели се радуваат за оваа убава вест, како и остатокот од светот, но уште повеќе поради фактот дека нема повеќе да се пишува за нејзината бременост.

Според многумина, честото известување за секој чекор, изглед, појавување на пејачката во текот на бременоста создаде контра ефект.

Како и да е, на оваа голема вест во шоу-бизнисот не ги остави ни познатите личности рамнодушни, како и остатокот од Твитер заедницата, кои ги споделија своите први реакции и исчекувања за полот и имињата на веќе познатите бебиња.

 

Објавено:
19 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.895 пати