Обама облечен како Дедо Мраз делеше поклони во детската болница во Вашингтон

20 декември 2018

Дека љубовта кон поранешниот американски претседател Барак Обама не згаснува докажаа и дечињата и вработените во Детската болница во Вашингтон, каде тој се појави облечен како Дедо Мраз да им додели новогодишни подароци.

На големо воодушевување на сите присутни, во негов стил тој се појави в болницата и почна да ги прегрнува сите присутни, да разговара со пациентите и вработените, а на сите дечиња им додели и симболични подароци за празниците.

За време на посетата на болницата, тој им се заблагодари на сите вработени за тоа што секојдневно се грижат за болните дечиња, а дури сними и видео за сите оние кои не биле во можност да се запознаат со него.

„Имав можност да зборувам со некои од дечињата и нивните неверојатни семејства во време што очигледно е тешко за нив. Можам само да замислам колку во тие ситуации им се потребни вакви добри доктори и сестри на сите нив, да ги сослушаат, да им помогнат, да ги прегрнат. Тоа е најважното нешто. Ова е одличен пример за тоа што е најважно во оваа празнична сезона“, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама.

 Инфо: Vogue.com, Mashable.com

Фото: Instagram/Children's National, Bearresident

Објавено:
20 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
362 пати