Објавени номинациите за Оскар

14 јануари 2016

Пред малку беа објавени долго очекуваните номинации за годинешните Оскари, а листата е токму онаква каква што сите очекуваа.

Силвестер Сталоне докажа дека неговата улога во Creed е една од омилените сезонава, заработувајќи номинација за најдобар актер во споредна улога заедно со Кристијан Бејл, Том Харди, Марк Рафало и Марк Рајланс.

За најдобра актерка во споредна улога е номинирана Џенифер Џејсон Леи, Руни Мара за улогата во Керол, Рејчел Мекадамс, Алиша Викандер за Девојката од Данска и Кејт Винслет за Стив Џобс.

Во најочекуваната категорија за најдобар актер за изминатата година е номиниран омилениот Леонардо Ди Каприо за неговата фантастична изведба во The revenant, потоа Мет Дејмон за The Martian, ѕвездата на Breaking Bad, Брајан Кренстон за улогата во Trumbo, потоа Мајкл Фасбендер за Стив Џобс и Еди Редмејн за одличната улога во Девојката од Данска.

Во категоријата најдобра актерка номинирани се Кејт Бланшет за Керол, Бри Ларсон за Room, омилената Џенифер Лоренс за улогата во Џој, Шарлот Рамплинг и Саорс Ронан за Бруклин.

За најдобар филм за изминатата година номинирани се:

The Big Short 
Bridge of Spies 
Brooklyn 
Mad Max: Fury Road 
The Martian 
The Revenant 
Room 
Spotlight 

Една од најголемите награди на Академијата е дефинитивно онаа за најдобар режисер, а во категоријата тие ги сместија: Адам Мекеј за The Big Short, Џорџ Милер за Mad Max: Fury Road, големиот Алехандро Инариту за The Revenant, Лени Абрахамсон за Room и Том Мекарти за Sportlight.

Сите останати номинации по категории можете да ги погледнете на следниов линк.

Во исчекување на 28 – ми февруари кога ќе бидат доделени сите награди на 88 – то издание на Оскарите.

Објавено:
14 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.119 пати