Очајната домаќинка Фелисити Хофман во затвор за мито

13 март 2019

Познатата актерка Фелисити Хофман која толкуваше една од главните улоги во планетарно популарната серија „Очајни домаќинки“ ноќеска беше уапсена за мито поради сомневање дека платила голема сума пари за да им помогне на нејзините ќерки да добијат подобри резултати на тестот SAT.

Актерката, заедно со 50 други луѓе меѓу кои и познати личности, се сомничат дека направиле измама, односно дека платиле повеќе од 15.000 долари на некој за тајно да им ги смени одговорите што нивните деца ги дале на познатиот SAT испит.

Според обвинувањата, Хофман и нејзиниот сопруг Вилијам Мејси дале дури половина милион долари за нивните ќерки да бидат запишани на престижниот Универзитет во Јужна Калифорнија.

Актерката ноќеска е ослободена со кауција од 250.000 долари, а морала да го предаде и пасошот на властите за да не излезе од земјата.

Сопругот на Фелисити

Според сајтот ТМЗ, актерката била уапсена доцна во ноќта кога неколку агенти на ФБИ се појавиле вооружени во нејзината куќа и ја повикале веднаш да се предаде.

Во овој бран апсења беше приведен и сопругот на познатата актерка Лори Лохлин, Мосимо Џанули кој се сомничи за истата измама, а кој морал да плати и повеќе од еден милион долари за кауција.

Веднаш штом се врати во земјата, уапсена ќе биде и Лохлин, бидејќи обвинувањата се однесуваат и на неа. Се очекува да биде приведена во текот на денешниот ден.

Инаку, во федералните документи се вели дека најголем дел од уапсените давале мито за подобри резултати на приемните тестови или лажирале дел од информациите во резимето потребно за прием во факултетските спортски тимови.

Конкретно, документите за Фелисити велат дека таа му платила голема сума на пари на човекот што ги надгледувал студентите за да ѝ помогне, односно да ѝ реши голем дел од прашањата за да постигне што е можно подобар резултат, а поправени биле и информациите во нејзиното резиме кое требало да биде беспрекорно за да биде дел од тимот на универзитетот.

Поради ова, огромна сума на пари веднаш откако ќерката на актерката го добила писмото за прием биле исплатени на организацијата Key Worldwide Foundation за чиј сопственик се смета дека бил „умот“ на скандалот.

Објавено:
13 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.854 пати