Одлична машка колекција и супер забава по повод 75 годишнината на Paul Stuart

16 ноември 2013

Додека брендот Paul Stuart продолжува на големо да ја прославува својата 75 годишнина, неговата компанија од каде потекнува, Mitsui & Co, приреди незаборавна гала вечер по повод годишнината во прекрасен дворец со европски стил во Токио.

Гостите на гала вечерта се забавуваа играјќи казино игри, преку кои можеа да освојат некое парче од неверојатните колекции на Paul Stuart.

Во текот на гала вечерта, се случи и неверојатно модно шоу во чии рамки беше презентирана есенската, елегантна колекција на Финеас Кол, дел од брендот Paul Stuart.

Првиот човек на брендот Paul Stuart, Мајкл Остров, на гала вечерта изјави дека имало голем број на позитивни промени, откако минатата година тие заминаа под капата на Mitsui & Co.

„Мојот удел во целата работа што се одвива воопшто не е помал од претходно, но јас многу сакам да им овозможам на луѓето да се соживеат со улогите што ги имаат и да им дозволам на различните оддели да си функционираат самостојно, секако со мој надзор. А тие многу добро го прават тоа“, вели Остров.

Тој додава дека тие продолжуваат да остваруваат нови контакти и да бараат нови партнери нширум светот, поради проширување на и онака успешниот бизнис што го имаат.

Објавено:
16 ноември 2013
Категорија: 
Сцена