Одлична вест за обожавателите на Игра на тронови!

6 јануари 2015

Совршено празнично изненадување за сите обожаватели на серијата „Игра на тронови“! Тимот што ја создаде култната серија, објави дека многу наскоро, односно на осми февруари ќе се случи премиерата на краткиот документарен филм во кој ќе биде прикажан дел од она што се случувало „зад сцената“ на снимањето на серијата.

Оваа вест дефинитивно ги расположи сите обожаватели кои едвај ја чекаа пролетта за повторно да поминат непроспиени ноќи уживајќи во петтата сезона.

Кусиот документарец на веќе култната серија е едноставно наречен A Day in the Life, а преку истиот обожавателите ќе можат подобро да се запознаат со нивните омилени ликови од серијата.

Инаку, петата сезона на Игра на тронови се очекува да биде премиерно прикажана веќе во април, а во истата се очекува да бидат промовирани многу нови ликови.

Иако засега нема многу детали околу новиот документарец за серијата, се очекува истиот да предизвика вистинска бура од позитивни реакции кај обожавателите, ако се суди според она што досега го предизвикаа ваквите куси „тизери“ поврзани со серијата.

И додека го чекаме осми февруари и уште повеќе пролетниот април, во продолжение погледнете го промотивното видео за петата сезона од одличната серија Игра на тронови.

Објавено:
6 јануари 2015
Категорија: 
Сцена