Одржана премиерата на „50 нијанси ослободени“ во Париз

7 февруари 2018

После вниманието што го привлече со црвената креација во Лос Анџелес, Дакота Џонсон повторно направи добар моден избор.

Таа и нејзиниот партнер на платното, Џејми Дорнан, изгледаа одлично на вчерашната премиера на третото продолжение на „50 нијанси сива“, насловено како „50 нијанси ослободени“ во Париз.

Младата актерка овој пат се одлучи за бела креација од модната куќа „Прада“. Се работи за фустан со прав крој, изработен од материјал збогатен со монистра во истата нијанса, што го прави впечатлив и гламурозен.

Изгледот го комплетираше со сребрени сандали со ремче и дискретен накит.

Џејми Дорнан се појави во друштво на сопругата Амелија. Актерот носеше тегет кадифено одело, а неговата сопруга одлучи да се усогласи со него, одбирајќи асиметричен фустан во слична нијанса.

На премиерата присуствуваше и пејачката Рита Ора, која во филмот ја толкува сестрата на Кристијан Греј, а на премиерата се појави во друштво на членот на групата „One direction“, Лиам Пејн, со кого ја пејат и песната за ова трето продолжение.

И таа се одлучи за бел стајлинг, но сосема спротивен од оној на 28-годишната Дакота. Ора се појави во елегантен комбинезон со потпис на Стефан Роланд, со асиметричен преден дел, кој пак одзади преминува во долг плашт.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата од вчерашната премиера. 

 

 

Објавено:
7 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.641 пати