Оливиа Кулпо ужива во убавините на Црна Гора

5 јуни 2018

Прекрасната Оливија Кулпо е дефинитивно една од најубавите девојки во светот, а тоа и официјално се потврди пред неколку години кога ја освои титулата Мис на светот.

Денеска, таа важи за една од најголемите трендсетерки која соработува со бројни брендови, меѓу кои и омилениот Revolve.

Токму соработката со овој бренд ја однесе на патување во прекрасната Црна Гора, каде заедно со други познати дами таа уживаше неколку дена.

За време на нејзиниот престој таму, таа се појави во голем број стилски комбинации кои дополнително ја истакнаа нејзината убавина.

Под фотографиите, таа секогаш пишуваше колку е воодушевена од убавините на Црна Гора, а со емотивен пост се збогува и вчера кога ја напушти земјата.

Таа може да се пофали со нејзина колекција облека за познатиот бренд, а истата ја промовираше за време на Коачела фестивалот.

Дел од парчињата можевме да ги видиме комбинирани за време на престојот во Црна Гора, а сите останати можете да ги погледнете на онлајн страната на брендот.

Погледнете некои од нејзините впечатливи комбинации на прекрасниот Јадран.

Објавено:
5 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
345 пати