Oмилените парчиња на Суки Ватерхаус

5 март 2014

Суки Ватерхаус со своите интересни стајлинзи, особено дневни комбинации успеа да го привлече вниманието на голем број модни блогерки, а на барање на The Coveteur го отвори плакарот и ги сподели своите најомилени парчиња, кои ги понесе со себе во Лос Анџелес.

Меѓу нив се нејзината најдрага бунда, фустан од Мери Катранзу, чанта од Lulu Guiness, Реј-бан очила за сонце и кардиган во впечатлива зелена нијанса од Џонатан Сандерс. Иако станува збор само за неколку парчиња кои Суки од Англија ги понесе со себе, можеме само да претпоставиме што се може да се најде во нејзиниот гардеробер во родната земја.

 

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Сцена