Оскаровска стилска прогноза за црвениот килим

25 февруари 2016

Целата возбуда околу еден од најспектакуларните настани во филмската индустрија, доделувањето на престижниот Оскар, ги вклучува и прогнозите за тоа кој од фаворитите ќе го освои „златното момче", но во модниот свет особено интересни се модните прогнози за тоа кој што ќе носи на фамозниот црвен килим.

Магазинот Harper's Bazaar секоја година пред Оскарите ја објавува својата „модна прогноза" за тоа што номинираните актерки ќе облечат за гламурозниот црвен килим.

На само неколку дена пред настанот, еве како Harper's Bazaar ги „облече" главните ѕвезди на вечерта.

Шарлот Рамплинг - Версаче

Алиша Викандер - Александар Меквин

Бри Ларсон - Марк Џејкобс

Кејт Бланшет - Живанши

Џенифер лоренс - Диор

Кејт Винслет - Армани

Рејчел Мекадамс - Алтузара

Руни Мара - Валентино

Срша Ронан - Шанел

 

 

Објавено:
25 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
270 пати