Отворањето на новата продавница на Tiffany & Co. го „запали“ Париз

12 јуни 2014

Градот на светлината, градот на љубовта и градот со најстилските жени, Париз во вторникот на најфрекфентната авенија Шанзелизе му приреди забава за топло добредојде на  брендот Tiffany & Co., компанијата за накит која реши да отвори ново претставништво токму во француската престолнина.

На  ѕвезденото отворање присуствуваа голем број гости, но сепак фотобјективите и светлата од рефлекторите беа насочени кон двете актерки Хилари Свонк која дојде облечена во црн коктел фустан потпишан од модната куќа Ели Саб и Џесика Бил која носеше креација  во бела боја на Џамбатиста Вали. Бил ја имаше честа да ја пресече и свечената лента и официјално да ја отвори продавницата.

„Јас добивам поголеми срцебиења кога сум во близина на нешто толку совршено, затоа и накитот го носам со сè, дури и со обична бела маичка на кратки ракави“, рече за француските медиуми шармантната актерка.

Двете актерки беа во постојана придружна на претседателот на компанијата Фредерик Куменал.

Хилари Свонк во креација на Ели Саб Хилари Свонк во креација на Ели Саб

„Ми се допаѓаат винтиџ моделите. Креативниот спој на винтиџ стилот со модерниот дизајн ми одговара на сензибилитетот и на стилот, едноставно се неодоливи, би ги носела сите“, откри Свонк.

Продавницата е сместена на аголот од улицата и се протега на површина од неверојатни 10.765 квадратни метри. Сега кога ќе се одлучите да го посетите Париз и да уживате  во магичниот поглед кон Ајфеловата кула, можеби ќе акате на вашата најмила да и купите и некое уникатно парче накит токму од Tiffany & Co.

Објавено:
12 јуни 2014
Категорија: 
Сцена