Ова е идната госпоѓа Клуни!

28 април 2014

Џорџ Клуни долги години е дефинитивно еден од најпосакуваните ергени во светот! Денешната вест ќе ги разочара сите оние кои што се надеваа дека еден ден можеби ќе избегаат со него – тој конечно се вери!

Според информациите од американските медиуми, неговата идна невеста е Амал Аламудин, гламурозна и неверојатно шармантна британска адвокатка најпозната по одбраната на основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

Од она што е познато, Клуни ја побарал раката на Амал по неколку заеднички викенди ширум светот во текот на нивната седуммесечна романса.

Блескавиот дијамантски прстен на раката на прекрасната Амал за прв пат бил забележан минатата недела кога вљубената двојка вечерала заедно во ресторанот Нобу, а неколку дена потоа и во еден ресторан во Лос Анџелес.

Близок пријател на двојката изјавил дека тие сакале да не креваат премногу прашина околу венчавката, но и дека истата не ја криеле.

Прекрасната Амал потекнува од познато семејство интелектуалци од Либан. Нејзината мајка Бариа била неверојатна убавица, а таткото професор по бизнис студии на Американскиот Универзитет во Бејрут.

Според многумина, Џорџ Клуни овојпат е навистина сериозен кога е во прашање Амал, бидејќи како што велат неговите пријатели „тој конечно нашол девојка која што е еднаква на неговото ниво“.

Како ви се допаѓа вам неговата избраничка?

Објавено:
28 април 2014
Категорија: 
Сцена