Ова е луксузниот ресорт на Свети Стефан каде што летуваат Бекамови

19 јули 2018

Веќе знаете дека изминативе неколку дена најпознатата светска двојка Дејвид и Викторија Бекам одмараат со семејството на Свети Стефан, а на социјалните мрежи постојано објавуваат фотографии од прекрасните места.

Тие се сместени во еден од најубавите ресорти во Црна Гора, „Аман Свети Стефан“, кој важи за еден од најлуксузните во светот.

Свети Стефан со години плени со својата убавина, а како совршено место за одмор досега го одбрале голем број познати личности, меѓу кои и Софија Лорен и Елизабет Тејлор.

Секако, луксузот кој денеска го нуди „Аман“ ресортот е на многу повисоко ниво, а од отворањето во 2009 – тата година важи за еден од најубавите хотели во светот.

Сопствениците имаат 30 годишен договор за наем на ова фантастично рибарско место изградено во 15 – тиот век. Ресортот е создаден од неколку приватни колиби со базени и неверојатна услуга, неколку ресторани со врвна храна и раскошен спа центар кој е еден од најпознатите во светот.

Според информациите од балканските медиуми, Бекамови постојано биле во друштво на нивните телохранители, а приватноста била на врвот на нивните барања.

Во продолжение погледнете како изгледа ресортот „Аман“ каде во моментов се наоѓа едно од најпознатите британски семејства.

Извор и фото: Buro 24/7

Објавено:
19 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.019 пати