Ова е веројатно најлошото модно издание на Ева Лонгорија

2 октомври 2018

Пред три месеци, Ева Лонгорија во 43. година стана мајка на Сантијаго Енрике Бастон, но тоа не ја спречи да одговори на професионалните обврски.

Како едно од заштитните лица на „Лореал“, таа беше дел од нивната ревија во рамки на Модната недела во Париз. 

На „дефилето“ се појави во цветна креација на Џамбатиста Вали. Се работи за фустан кој е со асиметрична должина, односно во напред е краток, додека задниот дел е долг. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) onOct 1, 2018 at 1:08am PDT

 „Престрашена сум. Имам кратки нозе и се надевам дека моделите што ќе одат позади мене, нема да ме „прегазат““, се пошегува актерката пред почетокот на шоуто.

Не знаеме кој го одбрал токму овој фустан за Лонгорија, но веројатно ова е најлошото нејзино модно издание што некогаш сме го виделе.

Поради принтот и волуменозноста, актерката изгледа покрупна одошто е, а и покрај тоа што предниот дел е краток, нејзините нозе навистина изгледаат така како што и самата ги опиша. Оваа креација воопшто не ласка на нејзината фигура - волуменозна е, со ролка и се добива сосема лош впечаток.

Што мислите вие?

 

фото извор: people.com; instagram.com;

Објавено:
2 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
791 пати