Ова се најмоќните модни семејства

27 мај 2014

Речиси сите се многупати споменувани и за нивната слава и популарност не треба многу објаснување, сепак во продолжение ви ја презентираме листата на најмоќните модни семејства. Погледнете и прочитајте кој се се најде таму.

Армани

Armani

Италијанскиот моден гигант Џорџо Армани ја оформи неговата компанија во 1975 година. Минатата година неговото богатство беше проценето на преку 8.5 милијарди долари. Неговата сестра Росана работи во модната куќа, како и неговите две внуки, Силвана и Роберта.

Арно (LVMH)

Arno

Бернар Арно не мора да се грижи дали неговото семејно богатство и бизнис ќе остане во рамки на семејството. Неговите две деца Делфин и Ентони (кој е оженет со Наталија Водјанова) се грижат за деловните чекори на францускиот конгломерат.

Дела Валес (Tod's)

Dela Vales

Филип Дела Вале започна со неговата чевларска работичница уште во 1920-тите, кога неговиот внук Диего Дела Вале го разви во глобален бренд познат како Tod's. Неговиот брат, Андреа Дела Вале е исто така во семејниот бизнис, како и синот на Диего, Емануеле.

Ферагамо

Feragamo

По изучувањето на чевларскиот занает во Наполи, Салваторе Ферагамо (тогаш 13) ја основаше неговата продавница во родниот град Бонито во 1912 година. Две години подоцна емигрира во САД, ги учи техниките во фабриките и до 1923 година се здобива со прекарот „Чевларот на ѕвездите“ во Холивуд. Во време на неговата смрт во 1960-тата, вдовицата на Салваторе, Ванда Ферагамо го презема кормилото на фирмата со нивните шест деца -Фиама, Џована, Фулвиа, Феручио, Леонардо и Масимо. Денес, роднините ја продолжуваат егзистенцијата на семејното име, во што им помагаат и нивните деца.

Лорен

Loren

Едно од најтрајните имиња во американската мода, Ралф Лорен, изгради модна, но и животна империја. Лорен започнува да прави облека за неговата жена Рики, што подоцна ќе се развие во бизнис и бренд вреден 14 милијарди долари. Неговата жена и деца, вклучувајчи го и Дејвид Лорен, го водат и претставуваат Ралф Лотрен брендот ширум светот.

Мисони

Misoni

Отавио Мисони и неговата жена Росита ја оформија линијата Мисони во 1953 година, пет години по отварањето на нивната прва работилница за плетење на Галарте, Италија. Денес, нивната ќерка Агела ја води компланијата и е главен дизајнер, нејзиниот брат Лука е креативен директор, а нејзината ќерка Маргарита ги дизајнира модните додатоци за Мисони. Освен облека, овој бренд има гранка посветена на домашниот ентериер Missoni Home, за која е задолжена Росита.

Олсен

Olsen

Мери Кејт и Ошли Олсен ги започнаа нивните кариери во светот на забавата, но докажаа дека нивниот талент е далекусежен и тоа преку основањето на The Row во 2006 година, кога беше прикажана основна линија на совршени маици со кратки ракави. Сопствениците на милијарди вредната Dualstar Entertainment докажуваат дека Олсенс успеваат подобро кога се во пар, отколку кога се сами.

Прада

Prada

Во 1913 година, браќата Марио и Мартино Прада ја отворија продавницата на кожена галантерија Фратели Прада, во Милано. Снаата на Марио, Луиса ја презема компанијата се до нејзината смрт во 1958 година. Нејзината ќерка пак, Миуча, се приклучи кон бизнисот во 1977 годинс и заедно со производувачот на кожена галантерија, а денес и сопруг Патрицио Бертели, ја насочија куќата во сосема нова насока. Откажувањето од увоз на производи со цел создавање линија на чанти и ready-to-wear облека, креативноста на Миуча и чувството за бизнис на Бертели се покажаа како добитна комбинација, а тоа го потврдува и фактот што Прада е една од најпродаваните модни линии.

Версаче

Versace

Донатела Версаче моментално ја води куќата Версаче, а ја презема после трагичната смрт на нејзиниот брат и основач на брендот, Џани Версаче. Џани изгради одличен бизнис (кој го основаше во 1978) во 1980-тите и 1990-тите , а денес компанијата е успешна благодарение на визијата и водството на Донатела.

Браќата Вертајмер  (Шанел)

Vertmajmer

Иако на многумина првата асоцијација им е Коко Шанел, а денес Карл Лагерфелд, сепак во заднина на овој успешен бренд стојат браќата Алан и Жерар Вертајмер. Нивниот дедо Пјер, купил 70 проценти од „Parfums Chanel“ бизнисот во 1924 година. Дуото исто така поседува и линија за долна облека Eres, кожена галентерија Tanner Krolle и француски лозја.

Фенди

Fendi

Адел Касагранде го основаше италијанскиот бренд за кожени галантерии, но стана познат дури откако Адел се омажи со Едоардо Фенди во 1925 година. Во 1999 година тие го продадоа на LVMH, но Силвија Вентурини Фенди, ќеркта на Ана, Делфина Делетрез продолжија сепак да го водат семејниот бизнис.

Објавено:
27 мај 2014
Категорија: 
Сцена