Ова се најозборуваните летни модни моменти на познатите

13 август 2014

Иако летото е се' уште во тек, познатите личности од светскиот шоубизнис не мируваа и на медиумите им даваа нови поводи за пишување. Во продолжение ви ги презентираме највпечатливите и најозборувани летни моменти до сега:

1

На доделувањето на CFDA наградите, модната икона на годината, Ријана се појави во трансперентен фустан целосно покриен со сваровски кристали, креација на Адам Селман. Тоа беше доволно да биде главна вест на сите светски медиуми и уште еднаш да покаже дека за неа граници нема.

2

Појавувањето на Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор за Висока мода предизвика многу реакции, а вниманието секако беше свртено кон прекрасната актерка, која секој пат изгледа беспрекорно

3

Во групата на личности чиј стил постојано се следи се секако и овие две дами. Бијонсе и Блејк Лајвли се најдоа заедно на настанот организиран од Гучи, насловен како Chime for Change и секако не останаа не забележани.

4

Кејт Бланшет не за џабе прогласувана за жена со најдобар стил. Дури и имате впечаток дека што и да облече ќе и' стои беспрекорно. Така, не е за изненадување што Кејт во белиот фустан на Ралф Лорен во кој се појави за време на хуманитарната вечера во Windsor Castle во Англија предизвика воодушевување во светот.

5

Уште една од најмодерните жени, барем кога е 2014 година во прашање - Лупита Нјонго. Речиси и да нема погрешен избор на облека, па не е чудно што младата актерка со фустанот на Келвин Клајн за време на Мауи филмскиот фестива повторно ја направи вистинската и тренди комбинација.

6

Роси Ханингтон, Тони Гарн и Ана В беа вистински ѕвезди на забавата по повод Канскиот филмски фестивал, па и со право беа најозборуваната модна тројка.

7

На црвениот килим за време на филмскиот фестивал во Кан, убавата Џулиен Мур го привлече вниманието на модниот свет со креацијата на Луј Витон и тоа од тогаш, најновата колекција на Никола Геские, пред било кој да облече парче од неа. Вистински потег на актерката.

8

Забавата на Сепертин не помина без веселиот Фарел Вилијамс, една од највлијателните машки модни икони. Неговиот изглед и нема потреба да се коментира.

9

Ема Стоун по се' изгледа го избра вистинскиот фустан за премиерата на филмот Magic in the Moonlight. Креацијата на Долче и Габана изработена од шифон со цветен дезен одлично и' прилегаше и нема некој што не ја забележи и не го пофали нејзиниот моден избор.

10

Листата не може да помине без Канје и Ким. Нивната венчавка секако дека го привлече вниманието на целата јавност, а и двајцата за тој свечен чин се одлучија да носат креации на Живанши.

11

Уште една фотографија од Канскиот филмски фестивал. Нема потреба посебно да се потенцира дека Андреј Пејиќ (од неодамна Андреа), кај и да се појави привлекува внимание. Иако, при кампањите сме навиканел да го гледаме во феминизирани изданија, моделот за оваа пригода се појави во класично одело, што за сите беше необично.

15

Филмот на Џиа Копола на Tribeca Film Festival насловен како Palo Alto, помина одлично, а исто така и нејзинио стајлинг- комплетно белото одело беше и доволно моќно и доволно женствено.

17

Живанши и Френк Оушн - одлична комбинација!

18

На премиерата на „Транформери“ во Хонг Конг, вниманието го привлече младата Никол Пелц и тоа во креација на Прада.

19

Шарлот Касираџи ја покажа моќноста на минимализмот и едноставноста, појавувајќи се во овој бел фустан во Musee Gallieria на настанот со наслов Les Annees 50.

20

И за крај, досегашната рекапитулација не може да помине без неодамнешната роденденска забава на Рикардо Тиши. А која фотографија би ја издвоиле ако не онаа со Кејт Мос, каде носи тиркизен градник и мрежа одозгора. Славни, моќни, модерни и храбри.

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Сцена