Овој човек е заслужен за сите модни (не)успеси на Бијонсе

24 март 2014

Ty-Hunter-Beyonce-MET-Ball

Бијонсе е една од музичките ѕвезди која претставува вистинска модна икона. Но, сето тоа што таа го носи е одобрено и одбрано од Тај Хантер.

Она што е интересно е што Хантер ја добива оваа работа сосема случајно, уште кога Бијонсе се наоѓа на почетокот на кариерата како дел од групата „Destiny's child“. Неговиот прв ангажман е изгледот на девојките за песната „Survivor“, каде тие носат парчиња со „милитари“ дезен, што веднаш привлекоа внимание.

А како дошло до средба? Тај ја запознал мајката на Бијонсе, Тина, додека работел во една продавница за облека во Хјустон, родниот град и на пејачката. Ова младо момче било задолжено да го уредува излогот на продавницата, со што и го привлекол вниманието на Тина, а со која подоцна воспоставува одличен однос.

New folder

Инаку, токму мајката на Бијонсе била задолжена за тоа како ќе изгледаат девојките од групата, а Тај и помагал со тоа што редовно ја информирал кога во продавницата ќе пристигне нешто што би „одело“ со нивниот стил. Еден ден, Тина го повикала да дојде кај нив и да и помогне околку стилизирањето и таа соработка трае до денес.

Веќе следната недела после посетата во нивниот дом, Тај бил задолжен за изгледот на девојките на доделувањето на Греми наградите.

55131_profimedia0184434205_630x0

Со оглед дека и нив и него тоа им бил почеток во кариерата, се соочувале со потешкотии:

-Кога почнав да работам со госпоѓа Тина, никој не сакаше да ни даде облека од големите дизајнери. Таа одработе одлична работа, така што им шиеше костими за настапите и создаде од нив препознатлив бренд. Секогаш изгледаа убаво, грациозно и секси. Од оваа перспектива, кога ќе се сетам, ми изгледа едноставно неверојатно, затоа што сега, дизајнерите секојдневно шијат парчиња во надеж дека Бијонсе ќе ги облече - вели Хантер.

Ty-Hunter-Fashion-Bomb-Daily-Claire-Sulmers New York Fashion Week 2012 Sweater by Florian Wowretzko Collection Fall Winter 2012 2013

Кога го осмислува изгледот на пеачката, тој пред се има цел со комбинацијата да го извлече најважното од неа, вистинската Бијонсе. Тоа, како вели Тај, всушност не е нејзиниот стил приватно, туку секси, елегантен стил на вистинската дива, каква што се претставува на црвениот килим.

-Кога се подготвува за на црвен килим, важно ми е да најдам нешто во што ќе се чувствува пријатно, но истовремено ќе биде полна со самодоверба. Кога се чувствувате секси и елегантно, тоа се познава - потенцира Тај.

55139_profimedia0159409402_630x0

Една од омилените комбинации му се оние во спотот „Run the world“, а како посебно интересен момент во нивната соработка го издвојува оној кога се одлучила да го покаже стомакот во бременоста, па така работата значително му се олеснила, бидејќи не морал веќе да креира модели кои што имале функција да го сокријат.

 

 

Објавено:
24 март 2014
Категорија: 
Сцена