Паф Деди е најбогатиот човек во забавната индустрија!

13 јуни 2017

Магазинот Форбс ја објави годинешната листа на најбогати луѓе на светот, а на првото место во хип – хоп и воопшто во забавната индустрија, се најде раперот Шон Комбс или попознат како Паф Деди.

Со ова, тој ја „победи“ Бијонсе која се најде на второто место со заработка од 105 милиони долари како резултат на нејзината Formation турнеја и албумот Lemonade.

Минатата година, Паф Деди се најде на 22 – то место, а по само една година супер успешна работа, тој успеа да се искачи на првото место со заработка од 130 милиони долари, со што раперот денеска „тежи“ неверојатни 820 милиони.

Големото богатство минатата година тој го стекна благодарение на големата музичка турнеја наречена Bad Boy Family Reunion Tour предводена од него, но богата со настапи на познати музички артисти од издавачката куќа.

Исто така, она што треба да се спомене е дека голем дел од богатството тој го заработи како резултат на успешната продажба на парчињата од неговата линија за облека.

Познатата писателка J.KRowling ги следи музичарите на третото место со заработка од 95 милиони минатата година, раперот Дрејк е на четврто место, а фудбалерот Кристијано Роналдо е на петтото место со 93 милиони долари.

Објавено:
13 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
637 пати