Пенелопе Круз: Стареењето е нешто вредно за славење!

29 април 2017

Таа е дефинитивно една од најпознатите европски и светски актерки која неодамна го прослави својот 43 – ти роденден и изгледа подобро од кога и да е.

Во едно неодамнешно интервју таа за прв пат говори за нејзиното детство и за почетоците на кариерата кога имала само 15 години и колку всушност тоа било тешко за неа.

По неколку мали улоги во нејзината родна Шпанија, Пенелопе се сели во Америка каде работи како модел и актерка истовремено.

Денеска, таа важи за една од најсексапилните жени во светот, а речиси секоја година се наоѓа на листата најубави жени на светски познатите магазини.

Во однос на нејзиниот приватен живот, таа секогаш е исклучително резервирана, иако јавноста секогаш сака да дознае нешто повеќе.

По врската со Том Круз со кого се запозна на снимањето на филмот Vanilla Sky, таа конечно ја најде љубовта на нејзиниот живот со кого е во брак седум години.

Веројатно знаете дека станува збор за светски популарниот актер со шпанско потекло, Хавиер Бардем кој исто така важи за еден од најпосакуваните мажи во светот.

Накратко, во продолжение ви пренесуваме неколку интересни моменти од интервјуто на оваа прекрасна актерка во чест на нејзиниот 43 – ти роденден.

Како мала сакав да бидам фризерка – Кога имав девет години, поминував неколку часа во фризерскиот салон на моите родители, па дури и денеска им правам фризури на оние кои ќе ми дозволат. Всушност, една од моите најдобри пријателки, Селма Хаек е онаа која секогаш ми дозволува да правам што сакам со нејзината коса. Се сеќавам, еднаш бев кај неа дома и снема струја додека и правев фризура, па запаливме свеќа за да продолжиме, а работата стана толку интересна што таа дури ми дозволи и да и ја скратам косата.

Ништо не може да се спореди со разговорот што го водите со вашето дете – Најсилното чувство што некогаш сум го имала е она кога моите деца гледаат во мене на посебен начин. Кога ќе станете мајка, тоа ви овозможува да го гледате животот од друга перспектива, како и вие да се дете повторно. Дури и вашата врска со природата да се менува – на пример, гледате на дрвото на поинаков начин.

Секој ден и секоја година, се запознавате себеси подобро – Иако ова е вистина, никогаш нема да ги дознаете сите мистерии поврзани со вас. Понекогаш, по некое болно искуство во животот, по некое време, го гледате тој период од сосема друга перспектива и поинаку размислувате за истото.

Стареењето е нешто вредно за славење – Кога и да ме прашаат како се чувствувам во врска со стареењето, јас го прескокнувам одговорот. Како некој може да ви го постави тоа прашање кога имате 25 години? Во врска со стареењето постојат само добри работи. Ние во Шпанија така гледаме на оваа вечна тема.

Никогаш не можете да кажете „фала“ премногу пати – Благодарноста секогаш ќе ви донесе само позитивни работи.

Тешкиот живот на моите родители – Да издржиш со примања кои ги имаа моите родители, беше навистина тешка работа. Секогаш ги имавме само основните работи, но во исто време имавме толку многу љубов и јас сум исклучително благодарна за детството што го имав.

Страв од стравот – Тоа е нешто што може буквално да ве парализира. Стравот е нашиот најголем непријател. Тоа е чувство кое може да влијае на голем број одлуки, па јас секогаш се борам против него. Не сакам да ме лиши од слободата која ја поседувам.

Детските игри со Моника – Кога бевме мали, со сестра ми Моника се заклучувавме во бањата и читавме модни магазини и цртавме. Не се сметам за експерт на полето на дизајнот, но ќе кажам дека се трудам.

Објавено:
29 април 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
735 пати
Извор: 
elle.rs