People's Choice Awards: Џенифер Анистон е икона на годината!

11 ноември 2019

Во Санта Моника вчера вечер се одржаа наградите E!People Choice Awards, што беше повод да се видат бројни познати личности на едно место.

Од моден аспект беше уште поинтересно да се коментира нивниот стајлинг. Може да се рече дека на црвениот килим имаше од сè по нешто - од бреспрекорни модни комбинации, каква што беше на пример онаа на Зендаја, па сè до тотални промашувања.

Инаку, Зендаја, која ја освои наградата за Женска филмска ѕвезда на годината, се појави во црн буре фустан во долниот тел, додека во горниот дел е асиметричен. Она што посебно го привлече вниманието беа лентите со штрас околу половината, кои ја направија креацијата која ја потпишува Кристофер Есбер, секси и впечатлива.

Џенифер Анистон пак, која се појави во интересна црна креација, со корсетска изведба во горниот дел, додека пак долниот беше со две здолништа, од кои горното на шнирање, ја прими наградата за „Икона за 2019 година“.

Истата ѝ ја врачи колегата Адам Сендлер, кој со својот говор ја разнежни и расплака актерката.

 

„Таа е една од моите најдобри пријатели, таа не е само убава, туку и неверојатно грижлива личност, пример за сите, со големо срце. Нависитна ја сакам ова девојка и сакам да снимам филмови со неа, се надевам ќе ги има уште“, е дел од изјавата на Сендлер.

Анистон пак, во нејзин стил, ѝ се обрати на публиката:

„Овој град има многу вакви манифестации, но People's Choice отсекогаш биле посебни за мене. Како актери, ние не ја работиме нашата работа за критиката или за нас или за да ги направиме семејствата горди... го правиме ова за пари“, се пошегува актерката и додаде:

„Се шегувам! Го правиме ова за вас дечки, навистина е така. Ако можам да го прифатам тврдењето дека сум икона на луѓето во овој свет, тогаш тоа е само бидејќи имав можност да бидам во легендарно шоу, со легендарни актери и легендарна фризура. „Пријатели“ беше животен подарок и немаше да стојам тука без тоа фантастично шоу и актери. Ни го отвори патот за сè што имав шанса да правам до сега“, изјави актерката.

Дел од наградените:

THE MOVIE OF 2019: Avengers: Endgame

THE COMEDY MOVIE OF 2019: Murder Mystery

THE ACTION MOVIE OF 2019: Avengers: Endgame

THE DRAMA MOVIE OF 2019: After

THE FAMILY MOVIE OF 2019: Aladin

THE MALE MOVIE STAR OF 2019: Robert Downey Jr. - Avengers: Endgame

THE FEMALE MOVIE STAR OF 2019 : Zendaya - Spider-Man: Far From Home

THE DRAMA MOVIE STAR OF 2019: Cole Sprouse - Five Feet Apart

THE COMEDY MOVIE STAR OF 2019: Noah Centineo - The Perfect Date

THE ACTION MOVIE OF 2019: Tom Holland - Spider-Man: Far From Home

THE ANIMATED MOVIE STAR OF 2019: Beyoncé - The Lion King

THE SHOW OF 2019: Stranger Things

THE DRAMA SHOW OF 2019: Stranger Things

THE MALE TV STAR OF 2019: Cole Sprouse - Riverdale

THE FEMALE TV STAR OF 2019: Millie Bobby Brown - Stranger Things

THE DRAMA TV STAR OF 2019; Zendaya - Euphoria

THE COMEDY TV STAR OF 2019:Kristen Bell - The Good Place - WINNER

THE COMEDY SHOW OF 2019: The Big Bang Theory

THE REALITY SHOW OF 2019: Keeping Up with the Kardashians 

THE COMPETITION SHOW OF 2019: America's Got Talent

THE DAYTIME TALK SHOW OF 2019: The Ellen DeGeneres Show

THE NIGHTTIME TALK SHOW OF 2019: The Tonight Show Starring Jimmy Fallon

THE REALITY STAR OF 2019:hloé Kardashian - Keeping Up With the Kardashians 

THE MALE ARTIST OF 2019: Shawn Mendes 

THE FEMALE ARTIST OF 2019: Billie Eilish 

THE SONG OF 2019: Señorita - Shawn Mendes, Camila Cabello

THE ALBUM OF 2019: Lover - Taylor Swift

THE COUNTRY ARTIST OF 2019; Blake Shelton 

THE SOCIAL CELEBRITY OF 2019: Ellen DeGeneres 

THE COMEDY ACT OF 201:Kevin Hart - Kevin Hart: Irresponsible - WINNER

THE STYLE STAR OF 2019: Harry Styles

THE ICON OF 2019: Jennifer Aniston

THE FASHION ICON OF 2019: Gwen Stefani

PEOPLE"S CHAMPION OF 2019: Pink

Гвен Стефани пак ја доби наградата за „Модна икона на годината", а на сцената се појави во бела волуменозна креација на Вера Ванг, на која беа аплицирани токму зборовите „Модна икона". Во комбинација со црни високи чизми, мрежести хулахопки и огромна црна панделка, Стефани навистина изгледаше како од модна писта. Многумина најдоа замерка на изгледот на нејзиното лице, за кое на социјалните мрежи се коментира дека е полно со пластика, што пејачката не се препознава.

Пинк ја доби наградата на „Шампион на годината“, а на сцената се појави во Армани одело со широки панталони, црно палто и розова транспарентна кошула со висок околувратник.

Кардашијанови повторно беа наградени за нивното шоу. 

Ким носеше креација од „Версаче“, Крис Џенер пак носеше одело од „Александар Меквин“ со впечатлив горен дел. Клои се одлучи за црна транспарентна крација од Лакуан Смит, додека Кортни во нејзин стил, се појави во светкаво одело од дизајнерот Наим Кан. 

Како беа дотерани останатите гости погледнете во галеријата:

 

Објавено:
11 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
6.363 пати