Песната „All I want for Christmas is you“ станува филм

22 март 2017

Божиќната песна која ја потпевнуваме со почетокот на секоја нова година и така речиси три месеци, „All I want for Christmas is you“, наскоро ќе добие нов облик.

Мараја Кери, во својот препознатлив стил, им соопшти на светските медиуми дека следната празнична сезона, не само што ќе ја пееме, туку ќе гледаме и филм што ќе го носи истиот наслов.

-Секоја празнична сезона, постојат традиции без кои не можам да живеам. Новогодишната елка...чорапите и подароците... и Мараја Кери – вели пејачката во видео најавата.

Се работи за компјутерка анимација, базирана врз познатата песна, од која подоцна е направена и книга.

Во центарот на дејствието е малата Мараја, која во продавница за миленичиња здогледува кученце чие име е „Принцеза“, кое станува нејзината желба за Божиќ. Но, пред да ја добие Принцеза, ќе  мора да го дресира „најлошото куче во земјата“, Џек, кое ќе им донесе големи неволји на Мараја и нејзиното семејство.

Филмот нема да се гледа во кината, но ќе биде достапен на ДВД и Blu-Ray снимка, па ќе може да се гледа во домашна атмосфера.

Пејачката ќе биде продуцент на анимираниот филм, како и наратор.

Иако на многумина не им е јасно зошто тоа го најави дури во март, како една песна станува филм, но кога ќе го погледнете видеото веројатно ќе ви дојдат на ум и други прашања.

Како и да е, Мараја успеа повторно да го фокусира сето внимание врз себе и така сè до следната сезона.

Објавено:
22 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
162 пати