Пет совршени комбинации на Брижит Макрон во Индија

13 март 2018

Претседателската двојка на Франција, Емануел и Брижит Макрон минатата недела ја започна четиридневната турнеја во Индија.

Домаќин им беше тамошниот премиер, Нарендра Мори, а во текот на тие неколку дена, посетија дел од најзначајните места во Индија. 

Она што беше фокусот на модните медиуми е секако изгледот на првата дама. 

Брижит се појави во пет беспрекорни комбинации.

Во Индија пристигна во црни тесни панталони, црна кошула и пастелно розово палто и чанта, изглед на кој и сме навикнати кога е таа во прашање.

Но, вечерта следеше свечена вечера со индискиот претседател, каде Брижит позитивно ги изненади сите. Иако е вљубеник во кусите фустани и здолништа, овој пат го привлече вниманието со долг фустан од тантела, секако креација на „Луј Витон“, нејзиниот прв избор кога се модните куќи во прашање. 

Веќе следниот ден се врати на препознатливиот стил. Розово кожено фустанче над колена, со карнери на ракавите и салонки во бордо нијанса беше нејзиниот избор.

Потоа ја видовме во уште еден фустан во сличен крој. Разликата беше во изборот на бои, па овој пат се работеше за колор-блок комбинација во сина и бело, а во склад со беж салонки.

Двојката го посети и Таџ Махал, а за таа пригода, Брижит се појави во беж панталони, бела кошула и интересно палто во истата беж нијанса, што одлично ѝ прилега.

За потсетување, во својот избор на 10-те најдобро облечени жени за минатата година, „Вог“ ја вброи и токму првата дама на Франција.

Која комбинација вам ви се допаѓа најмногу?

 

фото извор:avantaje.ro; dnaindia.com; whowhatwear.com; dailymail.co.uk; straitstimes.com; bostonherald.com;

Објавено:
13 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.872 пати