Плакарот на Карли Клос = Кантри модна идила

11 јуни 2014

 

Да се биде дел од модната индустрија особено ако имате 22 години, иако навидум изгледа бајковито не е баш така лесно да се опстане во модните кругови. Американскиот модел Карли Клос докажа дека доколку до себе ги имате вистинските луѓе и свои цели ништо не е тешко животот. Прекрасниот небесно син поглед, маркатната бемка на нејзиното лице, секогаш природниот изглед, висината од 1.80 ја однесоа високо на ѕвезденото модно небо. Таа припаѓа во листата на триесетте најдобро платени модели во светот, париски Vogue и ја додели титулата топ модел на сите времиња, а брендот за долна облека Викторија Сикрет веднаш и понуди договор и ја направи дел од мега популарното семејство на ангелите.

Со својата посебност и висина не може да не го привлече вниманието каде и да се појави. Во суштина оваа манекенка е мошне скромна и срамежлива. Фотообјективите на Стивен Мејсел и Ени Лејбовиц едноставно беа маѓепсани од нејзината фотогеничност.

Единствениот мир и моментите на релаксација може да ги доживее во нејзината куќа на село каде таа се чувствува посебно особено додека јава низ бескрајните зелени ливади. За сите љубопитни кои се прашуваа што крие познатата манекенка во нејзиниот гардеробер и кои се нејзините омилени парчиња облека и модни додатоци, денес конечно откриваме. Покрај едноставноста на живеењето и нејзината модна енергија пулсира во знакот на суптилноста и природниот сензибилитет.

 

Романтичната лелеавост не изостанува, а елегантната женственост е нешто што сигурно ќе ве воодушеви. Таа е тотално во хармонија со природата и многу ги сака цвеќињата. Омилен моден додаток на облеката и се ресите, а кантри стилот со примеси на панк и рок елементи ја истакнува нејзината оригиналност.

Фетиш и се очилата за сонце, а понекогаш знае да излезе од мрачните визии и да искомбинира пастелни тонови, надополнети со префинета структура на кројот. Погледнете ја фотосесијата која е перцепирана како вистинска кантри идила. Невообичаено, несекојдневно и оригинално, баш како и самата Карли. Уживајте!

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Сцена