Плакарот на најстилскиот пар од светот на уличната мода

9 февруари 2016

Некои работи едноставно се подобри кога одат во пакет. Или барем така се помоќни, позабележителни, комплетни... Токму како во случајот на еден од најпознатите стилски парови на денешницата, особено кога уличната мода е во прашање, Џастин О'ши и Вероника Хајлбрунер.

Вероника е уредник во германското издание на магазинот Harper's Bazaar, а Џастин е еден од најуникатните херои на уличната мода, па оттука тие беа доволна провокација за тимот на The Coveteur да го отвори плакарот во нивниот дом во Париз.

Првиот впечаток од фотографиите е дека нивната заедничка пасија е приказната која се крие зад секое уникатно парче облека или детаљ. Така заедно создале стил со карактер што гласно зборува сам по себе и остава длабоко ехо во светот на уличната мода.

Таа знае да направи совршена комбинација помеѓу романтичен бохо фустан и бели Најк патики, а тој е џентлмен чиј визуелен идентитет е препознатлив по слоевитите комбинации на елегантни, перфектно скроени костими.

 

 

Објавено:
9 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.143 пати