„Plus size“ блогерка го интерпретира стилот на Меган Маркл и Кејт Мидлтон

14 октомври 2019

Познатата „plus size" блогерка Кејти Сторино е интересна и впечатлива од неколку аспекти.

Таа е инспирација за сите жени што имаат слична телесна градба како нејзината, со оглед на тоа колку ефикасно се снаоѓа со имплементирањето на актуелните тенденции во нејзинот стил.

Покрај тоа што е стилска инспирација, Сторино често на својот профил објавува фотографии со споредба како една иста комбинација изгледа на послаб модел и како истата таа комбинација ја адаптира во својот имиџ.

Неодамна пишувавме дека со цел да стават акцент на индивидуалноста независно од телесната конституција, блогерката често објавува заеднички фотографии со нејзината колешка Блер Иди, на која се идентично облечени.

Уште еден интересен момент на кој наидовме на нејзиниот инстаграм профил, е тоа што таа често со своите стајлинзи го интерпретира изгледот и на двете војвотки, Меган Маркл и Кејт Мидлтон.

Притоа со овие примери таа покажува како исти парчиња облека може да ги носи и „plus size" жена.

Покрај кралското семејство, на нејзиниот профил ќе наидете и на фотографии каде што е направена паралелна како таа умешно ги пренесува во свое издание аутфитите на други познати личности и модели.

Објавено:
14 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
13.124 пати