По острите критики, Меган Маркл продолжува да носи „стари“ фустани

24 октомври 2019

По бројните остри обвинувања дека претерува во трошењето пари на скапа облека од познати дизајнери, сопругата на принцот Хари, Меган Маркл продолжува да носи парчиња во кои веќе сме ја виделе.

Тоа беше случај на првата заедничка турнеја како семејство во Јужна Африка, каде сите девет дена од престојот се појави во фустани во кои ја гледавме за време на бременоста.

Во неодолив виолетов фустан, навидум едноставен, но супер ефектен ја видовме и на Глобалниот самит за млади во Ројал Алберт Хол во Лондон, а станува збор за дело на брендот Babaton by Aritzia, а истиот го носеше и на друга свеченост кон почетокот на годината.

Тогаш, неодоливиот виолетов фустан таа го комбинираше со црвен капут до под колената и кафена чантичка од популарниот бренд Габриела Хрст.

Очекувано, фустанот е распродаден за само неколку часа по нејзиното појавување, а неговата намалена цена дополнително придонесе за тоа.

Фустанот на страната на брендот првично се продаваше за 138 долари, за подоцна да биде намален на 50 и да биде ескпресно распродаден.

Покрај тоа што неговата популарност се крена поради самиот факт што го носеше војвотката, секако, фустанот е навистина убав земајќи ги во предвид елегантната должина и прекрасната боја што го прават совршен за секоја прилика.

Меган фустанот го комбинираше со високи потпетици во сина нијанса од Маноло Бланик и раскошна фризура.

Инфо: Tportal.hr

Фото: Daily Mail, Babaton Aritzia

Објавено:
24 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.973 пати