Подводен едиторијал на магазинот W

21 ноември 2014

За потребите на магазинот беа ангажирани Маргот Роби и Џејк Гиленхал. Ѕвездата во подем, Маргот во текот на снимањето промени неколку аутфити и тоа креации на Дона Каран, Родарте, Хуго Бос и други брендови. Според замислата на Бил, актерката изгледа како морска сирена од грчка митологија, која носи задоволство или уништување.

За мистичната и делумно застрашувачка фотосесија  беше ангажиран и Џејк Гиленхал, кој за разлика од Маргот, промени само две кошули и тоа во црна и бела боја. Несомнено несекојдневен и оригинален едиторијал, кој ќе биде дел од декемвриското издание на магазинот, а во продолжение, погледнете ги фотографиите кои ќе бидат дел од него.

Преземено од The Fashionisto
Објавено:
21 ноември 2014
Категорија: 
Сцена