Погледнете го спектакуларниот дом на Селена Гомез

19 ноември 2015

Младата пејачка Селена Гомез е една од најголемите поп ѕвезди на денешницата која е позната по нејзините огромни хитови, одлични стилски избори, но и вкус за убави работи. 

Токму таков е нејзиниот дом во сончевата Калифорнија, кој истовремено е толку младешки, но и елегантен и неверојатно стилски и луксузен. 

Еклектичната резиденција е сместена во популарниот celebrity кварт Калабасас, но по вознемирувањето од нејзин обожавател, младата пејачка ја стави на продажба за 4, 5 милиони долари. 

Токму по тој повод, медиумите имаа можност да „ѕирнат“ како изгледа луксузната вила на пејачката во Лос Анџелес, а таа е сѐ што еден млад човек може да си посака. 

Дел од нејзината луксузна вила се неколку огромни спални соби, кино, огромна бања, прекрасна градина и одличен базен. 

Нашиот омилен е дефинитивно нејзиниот двор со огромна маса и прекрасни украси каде таа обожувала да го минува времето со пријателите. 

Во галеријата, погледнете како изгледа фантастичниот дом на Селена Гомез.

Објавено:
19 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.157 пати