Погледнете ја целосната листа номинирани за овогодинешните Оскари!

15 јануари 2015

Конечно, пред неколку моменти беа објавени номинациите за годинешното 87 – мо издание на наградите на Академијата за филмски уметности и науки или повеќе познати како Оскари.

За прв пат оваа година, Академијата објави натпреварувачи во 24 категории на прес – конференција која секој нетрпелив обожавател можеше да ја следи во живо.

Првата половина на прес конференцијата ја водеше неприкосновениот режисер JJ Abrams на кој друштво му правеше Алфонсо Куарон чиј филм Gravity доби вкупно седум награди на минатогодишната церемонија.

Втората половина номинирани беа објавени од шармантниот актер Крис Пајн и претседателката на Академијата за филмски уметности Шерил Боун Ајсак.

Во продолжение, погледнете дел од номинираните во некои од најочекуваните категории и стискајте палци за фаворитите на 22 февруари.

Нил Патрик Харис ќе биде домаќин на годинешната манифестација Нил Патрик Харис ќе биде домаќин на годинешната манифестација

Најдобра актерка

Марион Котилард – „Two Days, One Night“

Фелисити Џоунс – „ The Theory of Everything “

Џулијан Мур – „ Still Alice“

Розамунд Пајк – „ Wild“

Рис Витерспун – „ Wild“

Најдобар актер

Стив Карел – „ Foxcatcher“

Бредли Купер – „ American Sniper“

Бенедикт Кумбербах – „ The Imitation Game“

Мајкл Китон – „Birdman“

Еди Редмајн – „ The Theory of Everything “

Најдобра актерка во споредна улога

Патриша Аркет – „Boyhood“

Лора Дерн – „Wild“

Кира Најтли – „The Imitation Game“

Ема Стоун – „Birdman“

Мерил Стрип – „Into The Woods“

Најдобар актер во споредна улога

Итан Хок – „Boyhood“

Роберт Дувал – „The Judge“

Едвард Нортон – „Birdman“

Марк Рафало – „Foxcatcher“

Џ.К Симонс – „Whiplash“

Најдобар филм

American Sniper

Birdman

Boyhood

The Grand Budapest Hotel

The Imitation Game

Selma

The theory of everything

Најдобар режисер

Alejandro G.Inarritu, Birdman

Richard Linklater, Boyhood

Bennett Miller, Foxcatcher

Wes Anderson, The Grand Budapest Hotel

Morten Tyldum, The Imitation Game

Објавено:
15 јануари 2015
Категорија: 
Сцена