Погледнете каде живеела Џеки Кенеди

21 јули 2014

Двокатниот апартман во Њујорк на позната Парк авенија во кој живееше модната икона Џеки Кенеди е ставен на продажба за сума од 44 милиони долари.

Арт деко зградата веќе одамна важи за најраскошно архитектонско дело во градот. Изградена е 1929 година и се состои од 31 стан на 17 ката, а станарите кои живееле во ова прекрасно здание отекогаш биле славни личности. Во 60-тите години на минатиот век на седмиот кат во зградата живеела и Џеки Кенеди како мало девојче.

Од моментот кога станот се најде на продажба со почетна цена од 44 милиони долари предизвика лавина коментари особено околу висината на цената, за која повеќето експерти сметаат дека ќе го достигне својот максимум. За цената да биде толку висока придонесува и богата колекција на современа уметност која ги краси ѕидовите во станот.

Дуплексот вбројува четири спални соби, шест бањи, дневна соба, трпезарија, библиотека, одвоен дел за послугата и прекрасна тераса со поглед кон Парк авенијата. Фактот дека апартманот се наоѓа на само неколку метри од Централ Парк го прави навистина атрактивна локација, која се вбројува на листата најскапи њујоршки квартови.

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Сцена