Погледнете како беше на amfAR галата во Париз

6 јули 2015

Со самиот почеток на модната недела за Висока мода во Париз, се одржа и amfAR гала вечера во ресторанот „Павилјон Ледојен“. По одржувањето на шоуто на Версаче, ѕвездите се упатија на забавата, која традиционално има хуманитарен карактер, во насока на равивањето на свеста и програмите за борба против сидата.

Дел од моделите, како Карли Клос, Џоан Смолс и Дауцен Крус, одлучија да останат во креациите што ги носеа на ревијата. И Роси Ханингтон се одлучи за една од писта, додека пак, останатите гости ни овозможија да ги видиме и во други, посвечени изданија во кои црната боја доминираше.

Така, Ирина Шајк, која на ревијата се појави во мини-фустан во жолта боја, на гала вечерата се појави во долга, црна креација исто така на Версаче. И Наташа Поли повторно се одлучи за оваа модна куќа, но во бела креација од сезона пролет-лето 2014.

Ирина Шајк Ирина Шајк

Меѓу пристуните беа и Наоми Кембел, која се најде во улога на диџеј, а нејзиното длабоко деколте беше мета на новинарите.Со своето присуство вечерта ја збогатија и Оливија Палермо, Наталија Водјанова со партнерот, Дита фон Тис, која дојде во присуство на Кристијан Лубутан, дизајнерот Марк Џејкобс и други...

Меѓу највеселите беше 60-годишната Донатела Версаче, која по успешното шоу имаше и за што да слави. Како изгледаа останатите и како се забавуваа, погледнете во продолжение:

Објавено:
6 јули 2015
Категорија: 
Сцена