Познати личности од цел свет во едно заедничко видео ја пеат „Imagine“ од Џон Ленон

19 март 2020

Во една видео компилација, познати личности од целиот свет, виртуелно се здружија за да ја испеат „Imagine" на Џон Ленон.

Познати актери, музичари, спортисти, тв ѕвезди, секој со видео снимка од својот дом и секој со својот музички потенцијал, придонесоа ова видео вирално да се прошири и да ја испрати својата порака за солидарност,  особено во вонредни околности какви што се актуелните.

Џими Фелон, Гал Гадот, Нора Џонс, Зое Кравиц, Натали Портман, Каја Гербер се дел од познатите кои учествуваат во видеото кое има за цел да ја подигне колективната свест која во овие услови е клучна.

Објавено:
19 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
533 пати