Познатите дами бираат пастелни бои на фустаните за оваа сезона

5 ноември 2013

Музејот на современата уметност LACMA по трет пат беше домаќин на гала вечерта LACMA Art + Film на која се собраа голем број на славни гости.

Покрај свечената проекција на култниот филм „Бунтовник без причина“, вечррта под покровителство на модната куќа Гучи, ја обележа славењето на работата на големиот режисер Мартин Скорсезе и уметникот Дејвид Хокнеј.

Вечерта беше претставена и изложба на славниот уметник, а Леонардо ди Каприо беше домаќин на свечениот настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Покрај другите, се издвоија прекрасните актерки Селма Хаек, Кејт Хадсон и Кејт Бекинсејл, кои за свечениот настан одбраа пастелни тонови на нивните фустани.

Изборот за тоа која од нив изгледаше најдобро е многу тежок. Погледнете како изгледаа тие и инспирирајте се за бојата на вашиот фустан за следната свечена пригода.

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Сцена