Познатите дами ја одбраа „сончевата“ боја за оваа пролет

29 мај 2014

Untitled

Пролетно – летната сезона е период од годината кога светлите, неутрални, пастелни, па и впечатливи нијанси доаѓаат до израз. Менувањето на монохроматиката со свежина од бои е добра трансформација. Токму затоа ние би ви препорачале да го следите примерот на познатите личности, кои внесоа свежина во изгледот.

Кандела Новембре на галата на Амфар за време на Канскиот филмски фестивал во Франција носеше фустан со здолниште во жолта колор блок комбинација, дополнета со ремен околу струкот.

На истата забава присуствуваше и Џордан Дун која за овој настан носеше жолт фустан без ракави, до колената, во жолта нијанса од Балман.

Рози Хантингон Вајтли изгледаше божествено во елегантниот фустан на едно рамо и со гол грб и во впечатлива жолта боја од Емилио Пучи на забавата на Амфар во Кан.

Ума Турман изгледаше елегантно во долгиот фустан со висок шлиц од модната куќа Версаче на премиерата на филмот „Clouds of Sils Maria“ на 67-от Кански филмски фестивал.

Дита вон Тис остана верна на својот пин ап стил, па на забавата на Фенди во Кан се појави во шик фустан од Блумарин.

На доделувањето на музичките награди, Нина Добрев на црвениот килим се појави во креација од Џени Пакман, со впечатливо деколте во преден план.

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Сцена