Познатите во спортско издание на Супер Боул 2014

4 февруари 2014

Во неделата се одржа еден од омилените спортски настани на Американците, долгоочекуваниот и најавуваниот Супер Боул 2014.

Леонардо ди Каприо Леонардо ди Каприо

Покрај добрата игра, спектакуларниот настан на Бруно Марс и Ред Хот Чили Пеперс, на настанот можеа да се видат и најголемите холивудски ѕвезди почнувајќи од актери па се до манекенки.

На самиот натпревар во супер спортско издание и навивачки дух можеше да се види амбасадорот на H & M и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам. Тој навиваше страствено од трибините, а во сличен дух беа и Мајкл Даглас и неговата сопруга Кетрин Зета Џонс.

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас

Видно возбудени беа и актерката Џенифер Гарнер која без престан се фотографираше на терените, а истото го правеше и шармантниот Аарон Пол со неговата сопруга.

Џенифер Гарнер Џенифер Гарнер

Во продолжение во галеријата погледнете некои од ѕвездите кои оставија најголем впечаток на страствени фанатици по спортот – или барем така изгледаше на фотографиите.

Објавено:
4 февруари 2014
Категорија: 
Сцена