Преку искрено писмо Адел го најави новиот албум „25“

22 октомври 2015

По долго исчекување, британската поп сензација Адел, конечно им се обрати на нејзините обожаватели преку социјалните медиуми со навистина искрено писмо и најава за новиот албум со наслов „25“.

Според она што таа го најави, албумот би требало да излезе некаде околу 20.ноември во САД. Албумот доаѓа по цели пет години, откако пејачката го издаде нејзиниот „21“ и продаде над 30 милиони копии и освои седум Греми награди.

 „Мојот последен албум беше неверојатно популарен, а ако морам да му ставам наслов на мојот нов, нека биде албум за надоместување. Си надоместувам себеси за сето изгубено време, надоместувам за сѐ што направив и што не направив“, напиша Адел во писмото.

„Кога наполнив 25 години, тоа беше вистински пресврт за мене, удар во моите 20 – ти, еден вид освестување. Во еден момент бев стар адолесцент, а исто време и  возрасен човек што полека добива крилја. Тогаш сфатив дека морам да решам кој и што сакам да бидам во животот без да ја носам со мене приколката полна со моите работи“, напиша пејачката.

Мал дел од нејзината нова песна што ќе се најде на албумот беше објавен минатата недела, а сосема очекувано, обожавателите полудеа веднаш штом ја слушнаа.

„Преку албумот 25 се запознав себеси без да сфатам. Извинете што ми требаше толку долго време, но знаете, ми се случи живот“, напишаа таа.

Објавено:
22 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
999 пати