Преслатки фотографии од малата принцеза Шарлот

30 ноември 2015

Светот конечно викендов имаше можност да ја види шестмесечната преслатка принцеза Шарлот, чии фотографии беа објавени од кралското семејство.

Истите ги фотографирала нејзината мајка, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, која во неколку наврати покажала дека има одлично око за фотографија.

Малата Шарлот на фотографиите изгледа послатко од кога и да е, во шармантно фустанче во нежна розова боја комбинирано со топло џемперче и хулахопки во иста нијанса.

На фотографиите јасно се гледа сличноста на малата Шарлот со нејзиниот татко, принцот Вилијам од кого и ги наследила големите сини очи.

Принцот Вилијам

Инаку, ова се првите фотографии од нејзината крштевка во месец јули што ги направила војвотката. Речиси сите фотографии, како од нејзината ќерка, така и од нејзиниот син, принцот Џорџ, наидоа на многу позитивни реакции кај публиката.

Принцезата Шарлот се роди на 2 мај во болницата St.Mary во Педингтон, исто како и нејзиниот постар брат Џорџ.

Објавено:
30 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.071 пати