Претставници на „The Doors“ ќе ги тужат сестрите Кајли и Кендал Џенер

5 јули 2017

Претставници на култниот рок бенд „The Doors" најавија тужба против сестрите Кендал и Кајли Џенер, поради непочитување на авторските права на бендот чие лого и ликот на Џим Морисон, биле искористени како принт во нивната модна линија маички, пренесува Телеграф.

Фото извор: Rolling Stone

Откако била пуштена во продажба линијата во која една маичка чини 125 долари, Ју Рист, претставникот на „The Doors", им пишал писмо на сестрите во кое им навел да престанат да го користат логото на музичкиот бренд.

После ова, сестрите најавија дека ги повлекуваат од продажба маичките и им се извинија на семејствата на музичарите и сите засегнати.

„Ние сме големи фанови на нивната музика и не сакавме да покажеме непочитување", напиша Кендал на Твитер.

 

Објавено:
5 јули 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
930 пати