Пријанка Чопра и Ник Џонас се новиот познат пар

11 јуни 2018

Во светските шоу-биз магазини деновиве главна вест е новата славна двојка - Прајнка Чопра и Ник Џонас. Откако се видени во повеќе наврати заедно, веднаш започнаа шпекулациите дека меѓу нив се одвива романса.

Ниту актерката, ниту младиот музичар и актер не се огласија по повод гласините. Тие ниту ја потврдија ниту ја одрекоа веста. 

Но, неодамна се појави нова нивна заедничка фотографија од аеродромот во Њујорк, со што медиумите ги потврдија своите сомнежи.

Инаку, двајцата кон почетокот на месецот се видени заедни на вечера, а претходно и на спортски натпревар. Според извори блиски на двојката, се верува дека Ник и Пријанка се заедно од мај месец.

Во прилог на ова, сведочи и зачестеното меѓусебно следење на социјалните мрежи.

Убавата Индијка (35), поранешна „Мис на свет“ претходно беше во врска со познатиот индиски актер Шахид Капур, а имаше гласини дека се гледа и со актерот Том Хидлстон.

Џонас (25) пак, досега бил во врска со Мајли Сајрус, Селена Гомез, Оливија Кулпо. Едно време се забавуваше со Кендал Џенер, додека пак нејзината најдобра пријателка Џиџи Хадид беше во врска со неговиот брат, Џо Џонас. Ако им се верува на светските медиуми, на списокот на негови девојки се и Кејт Хадсон (во 2015 година) и  Лили Колинс.

Инаку, двајцата за првпат во јавност се појавија заедно на Мет Галата во 2017 година.

 

фото извор: harperbazaar.com; elle.com; popsugar.com; 

Објавено:
11 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.155 пати