Принцезата Лала Меријем од Мароко е новата омилена кралска личност

27 април 2018

Членовите на кралските семејства отсекогаш привлекувале внимание. Ако сте ја гледале серијата „Круната“ за британското кралско семејство, тогаш познат ви е ставот дека сè што се презентира во јавноста треба да биде магично, нешто за што ќе мечтае секоја обична девојка.

И во тоа изгледа лежи и тајната на интересот за било кое кралско семејство. Сепак, од Дајана, па и последниве години наназад, недопирливоста и магичноста се заменија со скромност и сликата дека и тие се луѓе како и сите други.

Тоа се обидуваат да го прикажат и преку однесувањето, но и изборот на облека. Кејт Мидлтон, кралицата Латиција, кралицата Ранија и други, честопати ги гледаме во парчиња и од уличните брендови, кои со брзина на светлината се распродаваат, влијателни се и по изборот на челви, модни додатоци, фризура.

А кога сме кај фризурата, вниманието ни го привлече принцезата Лала Меријем од Мароко. Долги години таа останува доследна на фризурите за кратка коса и може да речеме дека е вистинска фраерка. Во минатото имала долга коса, но кратката многу повеќе ѝ прилега.

Има 56 години и изгледа беспрекорно. Инаку, родена е во Рим, а е единствената ќерка и воедно најстарото дете на кралот Хасан Втори од Мароко. Има две деца од бракот со Фуад Филали, со кого се разведува во 1999 година.

Години наназад, нејзина препознатливост беа долгите кафтани, богато украсени со камења и исто толку украсените ремени, што ја истакнуваа нејзината фигура.

Но, во последно време сè повеќе може да се види во секојдневни комбинации, со кои нејзиниот стил уште повеќе доаѓа до израз, а деловните комбинации доминираат. 

Инаку, Лала е претседател на Мароканската асоцијација во соработка со УНИЦЕФ, претседател на Хасан II Фондацијата за Мароканците што живеат надвор, претседател на Мароканската национална обсерваторија за правата на децата и претседател на Хасан II Фондацијата за социјална работа со поранешни војници и борци. Во јули 2001 година беше номинирана за УНЕСКО амбасадор на добрата волја со фокус на проектите за деца и жени. 

Од 2003 година е претседател на Националната унија на мароканските жени, а сите овие години, низ работата ја користи приликата да им помогне на жената и децата во нивните права на интернационално ниво.

Во продолжение ви презентираме уште неколку фотографии од принцезата за која „Вог“ вели дека наскоро ќе стане омилената кралска личност:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
27 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.150 пати