Принцот Џорџ го прослави првиот роденден

21 јули 2014

Иако официјално, принцот Џорџ ќе наполни една година утре, кралското семејство одлучи неговиот прв роденден да го прослави малку порано. За таа цел тој вчера имаше роденденска забава, а неа ја следеше и фотографијата што кружи по сите светски медиуми каде се гледа дека малиот Џорџ веќе оди.

Фотографијата е направена на 2-ри јули во лондонскиот Природен историски музеј, а Кејт и Вилијам се одлучиле да ја искористат како негова роденденска фотографија што ќе се појави во медиуми и ќе ги одбележи првите јавни чекори на принцот.

поканата за роденден поканата за роденден

Инаку, роденденската забава на Џорџ во замокот Балморал беше на тема Зајчето Питер (англиски цртан лик), а ја организираа Керол и Пипа Мидлтон. Покрај нив, малиот принц се дружеше со неколку негови другарчиња, дедото Чарлс и кралицата Елизабета Втора, како и ќерката ја кумата Зара Филипс - Миа Грејс и Мајк Тиндал.

Дел од подароците кои ги доби Џорџ се дрвено вовче со вагони на кои е испишано неговото име, плишана јакна, како и фотографии и музички цд-а, фудбал, специјална торта од дадилката, а од Керол и Пипа подарокот е поло јакна и шапка.

BRITAIN-AUSTRALIA-NZEALAND-ROYALS

Меѓу подароците има и перница направена од посебна тантела, семејно куче...

Бабата и тетката се погрижија да има и многу храна со самопослужување, како и органски сладолед, свежо овошје. За Џорџ беше подготвена и специјална роденденска торта во форма на Зајчето Питер, како и домашни колачиња во форма на мали зајчиња.

Малиот принц и неговите другарчиња, според странските медиумми, имале и посебен дел со вреќи полни со грашок и лица на животни, на кои седеле и се забавувале. 

article-2697755-1ECA7AA200000578-562_306x557

Се претпоставува дека на утрешниот ден Џорџ ќе има уште една родендеска забава, овој пат во Кесингтонската палата. Во продолжение погледнете дел од фотографиите од роденденот, како и потсетување на некои од првите фотографии на принцот и оние од турнејата низ Австралија.

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Сцена