Пролетниот стил на мајките – топ модели

5 април 2017

Пред неколку месеци, познатиот Ангел, Кендис Сванпул го роди својот син Анака, пред неа во 2016 год, Криси Тиген ја доби својата ќерка Луна, а нивната колешка Алесандра Амброзио е мајка на Ања Луис и Феникс.

Откако овие топ модели станаа мајки, модната јавност постојано се интересира за нивниот мајчински стил и дали и колку се промени во однос на нивниот претходен имиџ.

Амброзио е препознатлива по тоа што ги обожува бохо парчињата, па не ретко овој тип на облека го комбинира и во својот мајчински стил, со оглед на опуштеноста и практичноста. Исто така на фотографиите со нејзините деца, често може да ја видиме облечена во џинс и обични маички.

За разлика од неа пак, Криси и откако стана мајка, е верна на својот гламурозен стил, па дури и кога носи џинс. Високите потпетици, масивните очила за сонце и шеширите се задолжителни кога нејзиниот имиџ е во прашање.

Кендис пак го обожува алтернативниот стил и уличната мода, па често може да ја видиме во милитари парчиња, целосно црни комбинации надополнети со мото џизми и јакни.

Објавено:
5 април 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.137 пати